Терористичката група Исламска држава (ИД) уби 70 припадници на племето „Ал Бунимар“, кое е едно од најголемите во ирачката провинција Анбар, изјави денеска лидерот на племенската заедница Наим ал Кауд.
Тој истакна дека борци на ИД синоќа киднапирале 70 лица од племето, кои живеат во реонот Ел Сарсар, северно од главниот град на провинцијата Рамади.
– Тие се застрелани од екстремистите само на неколку километри од своите домови – нагласи Кауд.
Лидерот на „Ал Бунимар“ додаде дека сите убиени се „татковци и сестри на оние што се приклучиле кон редовите на армијата и полицијата кои се борат против ИД“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто
-
Пронајден изгубениот град на Александар Македонски во Ирак