| четврток, 6 декември 2018 |

Брајант се врати на терените по девет месеци пауза и за малку ќе го дупнеше баскетот (видео)

kobi brajant

Еден од најдобрите играчи во историјата на НБА лигата, Коби Брајант се врати на терените по девет месеци пауза поради повреда. Тој ги започна подготовките за новата сезона во НБА лигата во претсезонските натпревари за ЛА Лејкерс.
Неговиот камбек беше полош од очекувањата бидејќи во првиот натпревар ѕвездата на „Езерџиите“ постигна само пет поени на мечот со Јута, а особено се посрамоти при својот прв обид кон кошот, кога од аголот на теренот ја „изделка“ таблата.

Коби дефинитино е „зарѓан“, а предсезонските мечеви се добра можност за овој врвен кошаркар да се врати во топ-форма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top