| четврток, 6 декември 2018 |

Хенинг Берг доби шут карта, Тричковски остана без тренер

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски кој ова лето го засили полскиот вицешампион Легија Варшава, остана без својот тренер Хенинг Берг.
Раководството на Легија утринава му врачи отказ на досегашниот шеф на стручниот штаб, поради слабите резултатот кои ги бележи тимот во последните неколку кола.
По 11.кола Легија заостанува зад лидерот Пиаст 10 бода, а во последните пет кола оствари дури четири нерешни натпревари.

– Досегашната формула за соработка со тренерот не донесе резултат и исполнување на нашите долгорочни амбиции. Затоа се одлучивме на ваков чекор – изјави претседателот на Легија, Богуслав Леснордски.

Норвежанецот дојде во зимскиот преоден рок во 2014 година и за една полусезона успеа да го одведе тимот до титулата. Во втората година, тој беше втор со Легија и успеа да обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на Европа оваа сезона.
Неофицијално, наследник на Берг ќе биде поранешниот руски репрезентативен голман и екс-тренер на Динамо Москва, Станислав Черчесов кој веќе пристигнал во Варшава на преговори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top