ОН нема да ја решат бегалската криза во Европа, туку тоа мора да го направи ЕУ, која ќе треба да воспостави нов систем за азил, оцени австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц.
Како што објави денеска весникот „Естерајх“, Курц нагласил дека за време на заседанието на Генералното собрание на ОН минатата недела била создадена свест дека проблемот со бегалците е сериозени и дека тој не е само европски, туку глобален.
– Меѓутоа ОН нема да ја решат кризата место нас. Тоа мораме да го направиме ние во Европа. Мораме да воспоставиме целосно нов систем за азил – вели Курц во ијзава за весникот.
Според него, потребна е посилна заштита на надворешните граници на ЕУ и помошта да се засили на самото место, со што, на пример, барањата за азил би можеле да се поднесуваат во центрите на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) во земјите од каде што доаѓаат емигрантите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.