Пикерот на РК Вардар, српскиот ракометар Алем Тоскиќ, е дел од најдобриот состав во 3. коло од Лигата на шампионите во изборот на ЕХФ. Тоскиќ одигра одличен натпревар во триумфот на Вардар на гостувањето против Кристијанштад, еден од најзаслужните заедно со Штербик за новите три бода на „црвено-црните“. Српскиот интернационалец постигна седум гола од девет обиди, и тоа главно тогаш кога за Вардар беше најпотребно да се скрши отпорот на домашниот тим.
Изборот на најдобриот тим на 3. коло во Лигата на шампионите може да го погледнете на следниот ЛИНК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.