Без снабдување со вода денеска од 9.30 часот ќе бидат корисниците од улицата „Велешка“ во населбата Маџир маало, во општина Центар, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Прекинот во водоснабдувањето е поради санирање на појавен уличен дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-80 мм. Прекинот ќе трае до завршувањето на интервенцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.