| четврток, 6 декември 2018 |

Ибрахимовиќ со два гола го одведе ПСЖ до победа над Марсеј (видео)

French Soccer League 1 - PSG vs OM

Дербито во француското првенство се одигра на „Паркот на принцовите“ каде се сретнаа актуелниот шампион ПСЖ и Олимпик Марсеј.
„Светците“ славеа со 2-1 со двата гола на Златан Ибрахимовиќ од пенал во 41 и 44 минута од натпреварот и со тоа стана најдобар стрелец во историјата на богатиот клуб од Париз.
Претходно Марсеј се обиде да направи изненадување отварајќи го резултат во своја корист со голот на Миши Батшуај во 30 минута.
Со двата погодока на вечерашниот меч Златан Ибрахимовиќ стана најдобар стрелец во историјата на ПСЖ со 110 постигнати гола. На листата тој го мина португалскиот ас Паулета, кој на своето конто во периодот од 2003 до 2008 има постигнато 109 гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top