За да го избегне личниот пораз, а да не ги загуби загарантираните општини, не е исклучено лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, да примени тактика за евентуален „бојкот“ и неизлегувањето на избори да се примени само во тие места за кои се смета дека нема да добие. Во другите, во кои левицата предводена од Црвенковски може да очекува градоначалничко место, да оди со „независен“ кандидат и независна листа за советници, по примерот на охридскиот градоначалник Александар Петревски. Средината на следниот месец, односно 16 февруари, е крајниот термин до кога партиите што ќе учествуваат на локалните избори треба да ги достават кандидатурите за советници и за градоначалници на општини за кои ќе се натпреваруваат.
Дотогаш не е исклучено, како независни кандидати, да се јават Стевче Јакимовски за општина Карпош, струмичкиот градоначалник Зоран Заев, како и кумановскиот Зоран Дамајновски.
Со оглед на новонастанатата состојба на раситнето гласачко тело на СДСМ, коалицијата предводена од партијата тешко дека ќе направи поинаков резултат во однос на локалните избори 2009 година, кога освои само осум градоначалнички места наспроти 59 на ВМРО- ДПМНЕ. Тој пораз од пред четири години е забележан како најкатастрофален на левицата на локалните избори досега…
Целосниот текст можете да го прочитате во новиот број Република кој од денеска е во продажба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.