| четврток, 6 декември 2018 |

Агуеро: Не му се лутам на Пелегрини што ме извади од игра

aguero

Аргентинскиот напаѓач во редовите на Манчестер Сити, Серхио Агуеро е фудбалерот кој постигна пет гола во вчерашниот натпревар против Њукасл во рамките од премиерлигата.
Тој тоа го стори на импресивен начин за само 20 минути игра и го сруши рекордот на Џермејн Дефо, кој во 2009 година истотака постигна „петарда“ во дресот на Тотенхем, но за 39 минути игра.
Агуеро по цели пет години постигна пет гола на еден натпревар во премиер лигата, по оној подвиг на Берватов во 2010 година кога настапуваше за Манчестер Јунајтед во натпреварот против Блекбурн (7-1).

– Сакав да постигнам и шести гол, но Пелегрини не ми дозволи да го направам тоа затоа што ме замени. Но, не се лутам, неговата одлука е исправна затоа што имав проблем со повреда на последниот меч во Лигата на шампионите. Го разбирам, не сакаше да ризикуваме – изјави Агуеро.

Екипата на Манчестер сити со убедливата победа над Њукасл се искачи на врвот во Премиерлигата, но ќе падне место подолу ако градскиот ривал Манчестер јунајтед утре во дербито го совлада Арсенал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top