Социјалдемократската унија (СДУ) му даде поддршка на кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ, Сокол Митровски.
Претседателот на СДУ, Чедо Николовски, рече дека многу добро го познава Ѓорче Петров и дека знае каква била оваа населба пред да дојде Митровски како градоначалник и знае што сѐ е направено во изминатите четири години.
Ги повика граѓаните, симпатизерите на СДУ, како и сите оние неопределени да гласаат за Митровски за тој да може да продолжи со своите проекти и да ги реализира своите дела.
Митровски искажа благодарност за поддршката и ги повика жителите на општина Ѓорче Петров уште помасовно да излезат во вториот круг од гласањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.