| четврток, 6 декември 2018 |

Поради силикони: Сакала совршен задник, а останала без стапалата и дланките (видео)

На Ејприл Браун (46) од Калифорнија и ги ампутираа двете раце и нозе откако по вградувањето на силикони во задникот добила опасна алергија која и го загрози животот.

Screenshot_7

Таа дошла кај нелиценциран доктор кој и вбризгал силикони, по што Ејприл добила силна алергија на имплантите.

Алергијата била толку опасна што на Ејприл по доаѓањето кај докторот морале да и ги ампутираат двете раце и нозе за да ја спасат.

Уште во училиштето ми се потсмеваа поради малите гради задникот, па затоа решив да го сменам своето тело, кажала Ејприл.

Оваа 46 годишна мајка на две деца тврди дека всушност ниту добила силикони туку и било вбризгано средство за пломбирање, а третманот го платил 650 фунти.

По импутацијата плачев со денови. Сега сум подобра. Нема да го тужам хирургот, но морам да продолжам со животот, кажала Ејприл.

Интересно е дека оваа жена воопшто не сака да го открие името на хирургот кој и ги вбризгал силиконите, бидејќи како што вели за се најмногу е виновна самата таа, односно фактот дека немала доволно самодоверба“, пренесува Сан.

Сето  ова се случило во 2013 година Ејприл  држи мотивациони говори бидејќи смета дека нејзина должност е на сите девојки да им обрне внимание да бидат внимателни кога е во прашање нивното здравје.

На 03:40 можете да ја видите токму оваа приказна, а можете да погледнете и цело видео во кое се наоѓаат катастрофални резултати од естетската хирургија и естетските интервенции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top