Дипломати во Европската унија ги негираат тврдењата на Белград дека во дијалогот меѓу Србија и Косово сите биле на страната на Приштина и навеле дека косовската страна била подготвена за компромис, пишува косовска „Коха диторе“.
Соговорниците на весникот, кои сакале да останат анонимни, не сакале да кажат која страна прифатила, а која го одбила предлог договорот, но навеле дека Приштина била подготвена на договор.
– ЕУ не е ниту на страната на Приштина ниту на Белград. ЕУ само им олеснува на страните да постигнат договор. Но, треба да се признае дека Приштина беше поподготвена за компромис од Белград. Ни на премиерот Тачи не му е лесно да се согласи со предлозите кои се на маса – рекол дипломатот.
Иако не ги навеле деталите поради кои не е постигнат договор, евродипломатите рекле дека главен проблем бил во областа на полицијата и судовите на северот на Косово.
Јасно е дека шефовите на полицијата и претседателите на судовите ќе бидат Срби и тоа ѝ е јасно на Приштина. Меѓутоа, целиот полициски и судски систем треба да биде дел од една единствена архитектура. Тоа е јасно кажано во заклучоците на министрите на ЕУ во декември и поради тоа сега ниту една страна не треба да се чувствува изненадена, вели изворот за „Коха диторе“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово