Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ изјави денеска дека Унгарците доклку ги затворат границите, ќе мора да пукаат врз луѓето за да ги спречат во намерите да ја преминат границата.
Милановиќ рече дека не се плаши од затворање на унгарската граница без оглед на тоа што Унгарците веќе утре ќе ја довршат оградата спрема Хрватска.
Тој додаде дека информациите за жичаната ограда ги слушаат веќе две недели и истакна дека тоа не е ограда туку бодликава жица.
– Тоа не е ограда, тоа е бодликава жица. Проблемот мора да се реши во Турција и Грција. Некој зборуваше и за тоа дека треба да се испрати војска на унгарската граница со Хрватска и Србија, па нека испрати бродови во Грција, нагласи Милановиќ.
Тој демантираше дека на Превлака се испратени 160 припадници на специјалната полиција, но вели дека на Црна Гора и е испратена порака на таа граница да не испраќа луѓе.
– Ова е наша куќа и ќе ја отвориме онаа врата за која ние ќе се одлучиме. Засега е отворена онаа на север, но ќе бидат заштитени хрватските интереси и гледаме барем чекор напред, изјави тој во Дубровник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Унгарија нема да отстапи пред уцените за фондовите на ЕУ
-
Високо одликување за Раде Силјан од Претседателот на Унгарија
-
Нов инцидент со новинарката која шутираше мигранти: Добила забрана за пристап во Парламентот