Мечот за титулата во бокс во тешка категорија меѓу Владимир Кличко и Тајсон Фјури што требаше да се одржи на 24.октомври е презакажана за 28.ноември во Диселдорф. Првичниот термин е променет по барање на Украинецот поради повреда. Имено тој подготвувајќи се овој меч ја повреди тетивата на левата нога, по што побара одложување. Сепак, Кличко истакна дека брзо ќе ја залечи оваа повреда и дека ќе биде подготвен да влезе во рингот на 28 ноември.
Кличко има 39 години и е непоразен во рингот повеќе од една деценија. Тој има 64 победи, од кои 54 со нокаут, и три порази, а важи за апсолутен шампион во тешка категорија, со оглед дека ги има во своја сопственост шампионски појаси од верзиите ВБА, ВБО, ИБФ и ОБО, како и шампионскиот појас од магазинот „Ринг“.
Британецот Тајсон Фјури е непоразен во 24 борби, од кои 18 ги добил со нокаут. Тој сака да стане првиот боксер кој ќе го победи Владимир Кличко по Лејмон Брустер, на кого тоа му успеа во април 2004 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


