Сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Кон крајот на денот во западните планински предели можен е слаб локален дожд.
Утринската температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а дневната од 19 до 26 степени.
Во Скопје се очекува сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми. Утринската температура ќе биде 10, а дневната ќе достигне до 23 степени.
За време на викендот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а температурата ќе биде во благ пораст. Во недела претпладне кон југ ќе има повеќе сончеви периоди, а попладне ќе се зголеми облачноста, и на север ќе има услови за краткотраен дожд. Во понеделник ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


