| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал во емисија за таленти: Предизвика овации кај публиката, но веќе во следен миг жирито сакаше да ја исфрли (видео)

Тројцата судии во  музичката емисија „Еквадор има талент“ за малку ќе ја исфрлеа 16-годишната пејачка Каролина Пена, откако на нивното директно прашање одговорила дека не верува во Господ.

CarolinaPena

Младата Каролина предизвика овации кај публиката по нејзиниот настап, но актерката Марија Фернанда Рисо тогаш ја праша дали верува во бога. Девојчето срамежливо кажало „не“, а потоа жирито ја нападна со прашања и совети.

– Никогаш  нема да успееш во животот ако не веруваш во бога – кажала Руос, а следната судијка, Паола Фариас изненадено ја прашала што мисли тогаш, од каде доаѓаме ние?

Третата судијка, пејачката Венди Вера, решила да сподели трошка од својата мудрост со младата натпреварувачка: „Млада си и веројатно си имала убав живот. Но еден ден ќе страдаш и сè што ќе поскаш е помошта и љубовта од Господ“, ѝ кажала на Каролина и заработи одушевување и аплауз од публиката.

Talent show Judges ask 16-year-old girl if she believes in GodCan we be successful if we don’t believe in God?

Posted by God or No God on уторак 29. септембар 2015.

Четвртиот судија, актерот Фернандо Виароел, не влегол во расправијата туку заклучи дека талентот и религиозноста немаат врска едно со друго. Каролина на крајот успеа да помине во следниот круг од натпреварувањето со два гласа „за“ и со два „против“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top