Жените стануваат жртви на деформација на стапалата, 10 пати почесто од мажите, најмногу поради неудобните, но убави чевли, кои ги носат.
Оваа деформација е траума предизвикана од лошата грижа за стапалата во секојдневниот живот. Може да дојде до артритис, а во најлош случај и неможност за извршување на нормални активности, како одење и стоење на едно место, поради нарушената механика и потпора на стапалото.
Покрај тесните чевли (кои водат и до акутна прогресија на болеста), тоа може да е предизвикано од ревматоиден артритис или чести, неприродни движења на стапалото, како оние кои ги прават балетани и професионални танчери.
Исто така може да станува збор за наследна предиспозиција, поврзана со структурата на стапалото.
Во почетокот деформацијата се формира неосетно, но може да е придружена од хронична и мачна болка во основата на палецот. Видливи се и отокот, поцрвенувањето, чувството на одреден грч, болки помеѓу прстите и намалување на амплитудата на движење на прстот нагоре-надолу. Сите овие симптоми се влошуваат при продолжено исправена положба.
Од основно значење за без оперативно лекување на болеста е носењето на удобни чевли и избегнувањето на одење на високи потпетици.
Во почетниот стадиуми на болеста, можна е корекција со ортопедски влошки и користењето на сепаратори, за меѓусебно растојание на прстите на стапалата кои ги ублажуваат болките.
Меѓутоа кај напредната болест, овие мерки даваат делумен и привремен ефект.
Во таков случај се препорачува оперативна корекција на деформацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.