| четврток, 6 декември 2018 |

Деформираните стапала на ѕвездите (фото)

 

00043991

Жените стануваат жртви на деформација на стапалата, 10 пати почесто од мажите, најмногу поради неудобните, но убави чевли, кои ги носат.
kluni

bekam

imanОваа деформација е траума предизвикана од лошата грижа за стапалата во секојдневниот живот. Може да дојде до артритис, а во најлош случај и неможност за извршување на нормални активности, како одење и стоење на едно место, поради нарушената механика и потпора на стапалото.

lo

paris

 
holmsПокрај тесните чевли (кои водат и до акутна прогресија на болеста), тоа може да е предизвикано од ревматоиден артритис или чести, неприродни движења на стапалото, како оние кои ги прават балетани и професионални танчери.

naomi

Исто така може да станува збор за наследна предиспозиција, поврзана со структурата на стапалото.
Во почетокот деформацијата се формира неосетно, но може да е придружена од хронична и мачна болка во основата на палецот. Видливи се и отокот, поцрвенувањето, чувството на одреден грч, болки помеѓу прстите и намалување на амплитудата на движење на прстот нагоре-надолу. Сите овие симптоми се влошуваат при продолжено исправена положба.
Од основно значење за без оперативно лекување на болеста е носењето на удобни чевли и избегнувањето на одење на високи потпетици.
Во почетниот стадиуми на болеста, можна е корекција со ортопедски влошки и користењето на сепаратори, за меѓусебно растојание на прстите на стапалата кои ги ублажуваат болките.
Меѓутоа кај напредната болест, овие мерки даваат делумен и привремен ефект.
Во таков случај се препорачува оперативна корекција на деформацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top