| четврток, 6 декември 2018 |

Сила на природата: ветрот ја деформираше најубавата плажа во Хрватска (фото)

Ветер што два дена дувал со брзина од 70 километри на час го измени изгледот на познатата хрватска плажа Златен ’рт, која поради нејзината невообичаеност е една од најпознатите обележја на хрватскиот туризам.

златни рат

Златни рат пред „нападот“ на ветерот

 

Плажата Златни ’рт „оживеа“ поради силните ветришта и на својот крај доби речиси спирален облик.

Оваа промена за среќа не е трајна, а како што појаснуваат експертите плажата ќе го добие својот стар облик.

Плажата се наоѓа во Бол, на јужното крајбрежје од островот Брач и ова не епрв пат поради ветер да го менува обликот и положбата.

Поради тоа што во овие подрачја дуваат силни ветришта плажата е особено популарна меѓу тие што обожуваат едрење на штица.

Поглднете како изгледа сега:

бол1

бол2

бол3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top