| четврток, 6 декември 2018 |

Нема причина за страв, пајаците се многу полезни животни (видео)

pajak-1

Те­мат­ска­та из­лож­ба „Чу­дес­ни­от свет на па­ја­ци­те“, ко­ја е во сопс­тве­ност на ком­па­ни­ја­та „Ара­не­ус“ на Се­ба­сти­јан Ва­диц­ки и на Ја­цек Па­ци­на од Пол­ска во из­ми­на­ти­от пер­и­од со го­лем ус­пех го­сту­ва­ше во по­ве­ќе поз­на­ти европ­ски при­ро­до­на­уч­ни му­зеи, во Бел­ги­ја, Гер­ма­ни­ја, Фин­ска, Хо­лан­ди­ја, Хр­ват­ска, Ро­ма­ни­ја. Цел­та на из­лож­ба­та е вос­пит­но-обра­зов­на. Па­ја­ци­те, чуд­ни и ми­стич­ни жи­вот­ни, кои по­ра­ди фил­мо­ви­те и ли­те­ра­ту­ра­та има­ат не­о­прав­да­но ло­ша ре­пу­та­ци­ја, из­лож­ба­та ги прет­ста­ву­ва и про­мо­ви­ра во ед­но по­и­на­кво свет­ло. Авер­зи­ја­та и стра­вот од нив че­сто се при­сут­ни и по­не­ко­гаш се при­чи­на за фо­би­чен страв – арах­но­фо­би­ја. Со овој про­ект има­ме на­ме­ра да го про­ме­ни­ме од­но­сот ме­ѓу лу­ѓе­то и па­ја­ци­те, ве­ли во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“ Еми­ли­ја Стој­ко­ска, виш ку­стос во При­ро­до­на­уч­ни­от му­зеј на Ма­ке­до­ни­ја.

Из­лож­ба­та се со­стои од по­ве­ќе од 40 екс­по­на­ти, кои се сме­сте­ни во стак­ле­ни те­ра­ри­у­ми со жи­ви при­ме­ро­ци на па­ја­ци, но и дру­ги жи­вот­ни што при­па­ѓа­ат на кла­си­те па­ја­ко­вид­ни и сто­но­гал­ки (скор­пии, чкрап­ји), та­ка што пуб­ли­ка­та мо­же да се со­о­чи со овие ин­те­рес­ни жи­вот­ни. Ме­ѓу екс­по­на­ти­те пуб­ли­ка­та мо­же да ги ви­ди нај­о­тров­ни­от па­јак, но и нај­го­ле­ми­от па­јак на све­тот поз­нат уште ка­ко и го­ли­јат­ски ја­дач на пти­ци. По­крај па­ја­ци­те, прет­ста­ве­ни се и скор­пии, а во оваа из­лож­ба ја има нај­го­ле­ма­та им­пе­ра­тор­ска скор­пи­ја.

Из­лож­ба­та ќе би­де отво­ре­на до 22 но­ем­ври и е фи­нан­си­ски под­др­жа­на од Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top