| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел: На војната во Сирија може да ѝ се стави крај само со помош на Русија

merkel-na-voijnata-v-siriq-moje-da-se-sloji-kraij-samo-s-pomoshtta-na-rusiq-329497

Германскaтa канцеларкa Ангела Меркел изјави дека на граѓанската војна во Сирија може да ѝ се стави крај само со помош на Русија, која од средата врши воздушни напади во оваа земја, пренесе „Ројтерс“.
Во говорот за бегалската криза, Меркел рече дека е потребно да се решат проблемите што ги тераат луѓето да бегаат од своите домови.
– Ова е особено се однесува за Сирија, каде што сите со години знаеме дека решение е можно само со помош на Русија – рече Меркел во говорот во Источна Германија по повод престојната 25-годишнина од обединувањето на Германија.
САД сметаат дека воените дејства на Русија во Сирија создаваат ризик од продолжувањето на сирискиот конфликт, забележуваат агенциите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top