| четврток, 6 декември 2018 |

Масакр во Орегон: Ако сте христијани, за неколку секунди ќе го видите Господ

674485_or-01_ffНапаѓачот што изврши масакр во студентскиот кампус во Орегон ги издвоил христијаните од други студенти пред да ги убие, тврди татко на еден од ранетите за „Си-Ен-Ен’.

Вооружениот напаѓач, Крис Харпер Мерсер (26) во моментот кога го убила полицијата со себе имал четири пушки.

Во крвавиот поход Мерсер убил десет лиц во колеџот.

APTOPIX Oregon School Shooting

Пред да биде однесена на операција на ’рбетот, студентката Анастасија Бојлан им рекла на татко ѝ и на брат ѝ дека напаѓачот улетал во училната пукајќи.

– Ова го чекав со години – велат му рекол Мерсер на професорот, а потоа го застрелал од непосредна близина.

Тогаш се погодени и другите студенти во групата, рекла Бојлан. Сите во училницата во тој момент паднале на земја.

oregon

Тогаш напаѓачот полнејќи ја пушката им наредил на студентите да станат и ги прашал дали се христијани.

– Кога станале им рекол: Добро, ако сте христијани, ќе го видите Господ за неколку секунди. Тогаш почнал да пука и ги убил – рекол таткото на Бојлан, Стејси Бојлан.

Студентката добила куршум во грбот, а лекарите велат дека ќе преживее.

„Њујорк тајмс“ пишува дека Харпер-Мерсер бил „огорчен млад човек исполнет со омраза“.

Се наведува и дека на социјалните мрежи изразувал одушевување на Весер Фланеген, напаѓачот што во програма во живо уби новинарка и снимател.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top