Навивачите на Легија Варшава кои важат за едни од најорганизираните во Европа и одат да го бодрат клубот сегде каде што настапува, направија ново шоу во денешниот дуел против Наполи на свој терен во рамките од второто коло од Лига на Европа.
Клубот неколку пати е казнуван од УЕФА за испадите на неговите навивачи, сепак тие продолжуваат по старо, и јасно порачуваат дека „за да ги добијат прават треба да се борат“ како што стоеше на нивниот транспарент.
Иако правилата строго забрануваат користење на пиротехнички средства на стадионите ширум Европа, „Легионерите“ буквално ја запалија трибината зад едниот од головите.
За ова секако дополнително ќе биде казнет клубот, но навивачите нема да се откажат од намерите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)