| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: СДСМ оневозможува да се дојде до договор

Не е точно дека поради ВМРО ДПМНЕ се одолговлекуваат преговорите – изјави министерот за здравство Никола Тодоров.

Тој во дневникот на „Сител“ изјави дека е факт оти се одолговлекуваат преговорите, но дека причина за тоа е ВМРО-ДПМНЕ, тоа не е точно, истакна Тодоров по обвинувањата на претседателот на СДСМ Зоран Заев дека владејчаката партија купува време во процесот на преговори.

 

тодоров

– Наш став е дека токму СДСМ е партијата која работи на одолговлекување на преговорите и оневозможување на доаѓање до договор, односно компромисно решение. Веројатно позади тоа стои стравот од претстојните избори, односно стравот дека ќе загубат на претстојните избори. Тактиката е секогаш кога има некои конструктивни предлози од ВМРО-ДПМНЕ тие се прифаќаат, но доколку има поголем број такви и се гледа дека работата оди на добро, тогаш се дава некој предлог кој не е рационален и однапред се знае дека не е прифатлив за никого – вели Тодоров.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top