| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо и фудбалерите на Челси се во „тивка војна“

Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо кој самиот себе се нарекува „специјалниот“ се наоѓа во крајно непријатна ситуација во клубот. По големиот инцидент од почетокот на сезоната кога ја навреди клупската докторот, Ева Карнериро и по неколкуте мизерни резултати на англискиот шампион, сега го очекува и „тивка војна“ со фудбалерите поради незадоволството на дел од играчите.
Повеќето од фудбалерите не се задоволни од изјавите на Мурињо дека за сите лоши резултати сезонава се виновни само играчите, а тој воопшто не, и неговата закана ако не се зголеми залагањето дека ќе бидат заменети со играчи од младинскиот погон.
„Специјалниот“ важи за тренер кому сплотеноста со тимот му е главна сила,но овојпат ситуацијата е сосема спротивна. Радамел Фалкао веќе гласно почнал да го искажува своето незадоволство, Оскар исто така не се чувствувал пријатно поради честите критики, но главниот проблем е Џон Тери. Капитенот, кој е изоставен од стартната екипа на последните неколку средби, во јавноста не дава изјави, но англиските медиуми тврдат дека токму тој го иницирал „бојкотот“ на дел од тимот против Мурињо.

Сопственикот на екипата Роман Абрамович на неколку наврати со своите постапки јасно ставил до знаење дека стои зад одлуките на фудбалерите. Пред неколку години Рафа Бенитез доби отказ иако ја освои Лигата на Европа по само една година помината во Лондон, поради конфликтот со капитенот Џон Тери и неговото изоставување од првиот состав.

Такво нешто му се случи и на Мурињо во неговиот прв мандат во „сините“ кога беше избркан сред сезона, па затоа Португалецот мора да се обиде што побрзо да ја среди состојбата во соблекувалната бидејќи рускиот милијардер се покажа дека има кратко фитиљ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top