Актуелната венчавка на хрватската пејачка Северина Вучковиќ (43), која стана „трубофолк“ снаа на колегата Драган Којиќ – Кеба откако се омажи за неговиот син Игор(28), со денови не запира со кревање прав и медиумски најава од тоа колку ќе чини свадбата до тоа кој ги венчаваше, каде ќе одат на меден месец…..
По многубројните шпекулации, Северина се омажи на 25 септември во хрватскиот град Бале без присуство на новинарите и фотографите. На церемонијата присуствувале мал број на гости, а меѓу гостите што предизвикаа најголемо внимание беа синот на Северина, Александар, и нејзината мајка Ката.
Гордиот сопруг Игор сподели фотографија на која се гледа дека за потребите на снимањето на венчалното подводно фото во улога на матичар се нашол свекорот Драган Којиќ Кеба.
Сагата за Којиќи сосема сигурно е дека нема да запре во следниот период , а во „исчекување“ да ги видиме новите авантури на Севе и Кеба Јуниор да се потсетиме кои наши познати дами одамна го испробаа рецептот за „пилешко“, кое, како што велат некои студии, полека, но сигурно станува светски тренд.
Имено, според голем број на студии повозрасните жени сакаат помлади мажи бидејќи со нив се чувствуваат помладо и сексапилно. Младоста донесува добра енергија и оптимизам, но и добар сексуален живот, наведуваат психолозите.
Во светски рамки меѓу познатите дами што се слаби на млади мажи спаѓаат Џенифер Лопез, Деми Мур, Кортни Кокс, Шерон Стоун, Мадона… Тие се страствени обожавателки на младо месо, а дел од нив имаат и партнери кои се дури 30 години помлади од нив.
Според онаа добро познатата – годините се само бројка, се водат и еден куп познати македонски дами.
Калиопи и Васил Зафирчев
Калиопи си сака „млади пилиња“! По бракот со композиторот Ромео Грил, со кого има и син, таа се омажи за актерот Васил Зафирчев, кој е 14 години помлад од неа. По седум години брак двојката се разведе, но и понатаму се во добри односи и се пријатели.
Хелена Роза и Игор Ѓорѓиевски
Хелена Роза веќе извесен период е во врска со Игор Ѓорѓиевски, кој е 11 години помлад, поранешен голман, а по потекло е од Дојран. Двојката во моментов живее во Нов Зеланд. И покрај тоа што на големо се шпекулираше дека ќе се венчаат, од свадбените ѕвона засега нема ништо.
Дани Димитровска и Горан Михајловски – Петел
И Дани е мераклика на млади фраери! Рокерката успеа да го ќари тапанарот во нејзиниот бенд Горан Михајловски или попознат како Петел, со кого е во романса веќе неколку години. Сепак, и покрај тоа што љубовта им цвета, тие во неколку навраи изјавија дека не размислуваат за брак.
Благица Павловска и Сашо Симеонов
Дека љубовта не познава граници потврди и Благица Павловска, која пред седум години се венча со Сашо Симеонов, кој е цели 19 години помлад од неа. На вечна љубов се заколнаа во затворот „Бронде“ во италијанското гратче Салуцо, каде што Сашо ја отслужуваше затворската казна. Сепак, љубовта не потраа многу, па по само две години тие се разведоа. Причина за разделбата беа, како што тврдеше фолкерката, неверствата на Сашо.
Лила Филиповска и Орце Димитровски
Популарната телевизиска водителка Лила Филиповска во 2004 година стана госпоѓа на Орце Димитровски. Но веќе следната година Лила и Орце ги полнеа весниците со веста дека се развеле. Како причини за нивната разделба се наведуваа карактерните несогласувања и разлики, што станале толку големи и довеле до разделба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.