Славниот режисер, Ридли Скот, кој е актуелен со филмот „Марсовец“ изјави дека НАСА, наводно, му ги покажала фотографиите со вода на Марс уште пред два месеци, но тогаш било предоцна во неговиот филм да ги вклучат новите информации.
Оваа екранизација на роман, на едно ниво може да изгледа како огромна реклама за НАСА, но всушност тесната соработка меѓу Агенцијата и филмската екипата на Скот доведе до тоа режисерот да не биде изненаден заради последните вести од Марс,јави Танјуг.
На прашањето на новинарите дали знаел дека остои вода на Марс, тој одговори: „Тоа го знаев уште пред неколку месеци“.
НАСА им помогнала на Скот и сценаристот Дру Годард да направат што пореална површина на Марс и на вистински начин да ги презентираат екстремните услови кои владеат на површината.
Скот истакна дека НАСА веќе подолго време истражува вода на Марс.
– Кога првпат разговарав со НАСА, добивме голем број информации, вклучувајќи ја и онаа дека на површината се наоѓаат масивни глечери. Бела површина на Марс, за која мислев дека е покриена со прашина, се испостави дека е мраз… И се запрашав, дали тоа е океан, се надоврза Ској во изјваата за медиумите откако НАСА го објави неверојатното откритие.
Во ценарот на филмот е астронаутот, Марк Ватни, кој го игра Мет Дејмон – првиот човек кој стапнал на Црвената планета.
Набрзо по слетувањето, Ватни е соочен со опасноста да биде и прв кој на Марс ќе ги остави своите коски, затоа што спасувачката екипа е оддалечена милиони километри.
„Марсовецот“, во чие создавање учествуваше и македонската компанија за аудио-визуелни ефекти „ФХ3Х“, вечерва премиерно се прикажува во „Синеплекс“, една недела пред американската премиера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.