| четврток, 6 декември 2018 |

Сируп против настинки

Limun-Djumbir-Med1

Состојки:

Лимон

ѓумбир

мед

Подготовка:

Исечете го лимонот и ѓумбирот на листови и ставете го во тегла. Внимавајте да остане празен простор на врвот, а потоа сипајте мед. Оставете ја теглата во фрижидер да отстои за да се исмешаат состојките.

Сирупот може да го пиете еднаш дневно, една кафена лажичка пред појадок или пак може да го пиете во вид на чај – една супена лажичка да ја прелиете со една шолја врела вода.

Сирупот има антибактериско дејство и е многу ефикасен против настники и грип. Посебно е добар за болки во грлото.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top