| четврток, 6 декември 2018 |

Кој го прави и колку чини најскапиот мед во светот?

Турскиот мед  „Елвиш“ е најскап во светот, бидејќи се произведува на најприроден можен начин.

Овој специјален мед се произведува во пештера со должина од 1.800 метри во близина на градот Артвин во долината Сарикаир, која се наоѓа во североисточна Турција. Еден килограм чини неверојатни 5.000 евра.

Пештерите богати со минерални дополнително го збогатуваат медот. Пред многу години, локалните жители забележале дека пчелите влегле во пештерата, што ги натерало да мислат дека може да има мед внатре.

Медот веднаш бил испратен за анализа во француска лабораторија која покажале дека има 7 години и е исклучително богат со минерали. Првиот килограм мед беше понуден на аукција во Франција за 45.000 евра. Една година подоцна, кинеските фармацевти купуваат уште еден килограм за 28.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top