Како што стресот и нервозата влијаат на работата на вашето срце, така има и некои други емоции кои може да предизвикаат сериозни заболувања на некои органи во вашето тело.
Алтернативната медицина го подржува фактот дека негативното размислување и чувства е причината за повеќето болести.
1. Лутина
Лутината и нервозата се силен тип на емоции се манифестираат преку зголемениот крвен притисок, кој предизвикува силна главоболка и вртоглавица. Некои студии се поврзани со прикриен бес и забавена работа ан црниот дроб, кој е одговорен за исфрлање на отровите од телото. Колку е поголем изливот на бес, толку повеќе се губи и апетитот а се создаваат и проблеми со варењето.
2. Шок
Неочекувано раскинување на долга врска, добивање отказ или смрт на драга личност се исклучително емотивни доживувања кои предизвикуваат телесен шок со видливи последици на организмот. Шокот повлекува пораст на адреналинот кој може да го ослаби срцето, а повеќечасовната изложеност може да доведе до сериозни проблеми во телото. Затоа, во екстремни ситуации неопходно е да побарате и лекарска помош.
3. Страв
Стравот предизвикува претерана потреба за мокрење што е основна телесна функција поврзана со работата на бубрезите. Долготрајната изложеност на страв предизвикува забавена работа на овие органи.
4. Тага
Тагата доведува до плач, кратко испрекинато дишење и физички замор. Долготрајната изложеност на оваа емоција ја ослабува работата на белите дробови.
5. Грижа
Луѓето кои многу се грижат често имаат проблем со варењето, а поретко пролив, повраќање и други хронични проблеми на гастроинтестиналниот систем. Некои истражувачи ја поврзуваат опсесивната грижа со големата веројатност за добивање чир на желудник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ова се првите симптоми на рак на дебело црево…
-
Уште еден дипломат од американската амбасада во Куба заболе од мистериозната болест
-
Ова бебе има 23 години: Роден е 1995 година и престанал да се развива откако наполнил една година (видео)
-
Внимавајте на своите деца: Опасна полово пренослива болест се шири меѓу младите