Најдобриот светски фудбалер за 2014 година, „кралот“ Кристијано Роналдо синоќа на дуелот од Лигата на шампионите против Малме постигна два гола во рутинската победа на Реал од 2-0 на „Сведбанк“ арената.
Тој беше стрелец на двата гола, првиот во 29.минута кој беше негов 500.гол во кариерата, додека вториот во самиот финиш од натпреварот кога се израмни со легендата на клубот Раул по бројот на постигнати голови во белиот дрес, вкупно 323.
– Пресреќен сум што се изедначив со Раул на врвот на листата на најдобри стрелци ви историјата на Реал. Раул ми прати смс порака со честитки и ми посака да постигнам уште 300 гола – ја започна прес-конференцијата Роналдо по мечот со Малме.
– Среќен сум во Мадрид, се чувствувам добро и знам дека можам да постигнам уште многу голови. Сепак никој не знае што носи иднината. Овие момци имаат потенцијал за освојување на многу трофеи. Ќе видиме како ќе заврши сезоната – додаде трикратниот освојувач на наградата за најдобар играч во светот.
Роналдо се осврна и на неговиот медиумски молк и одлуката да не дава изјави.
– Знаете зошто не сакам да разговарам со вас? Кога ќе се случи нешто лошо во тимот, а вие ме прашувате за нешто што се случило пред шест месеци, а не разговарате за актуеелната ситуација – заврши Роналдо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)