| четврток, 6 декември 2018 |

Гашиќ: НАТО не ја одобри војската на Косово

nato

НАТО официјално не го одобри формирањето на т.н. војска на Косово, иако поединечни држави-членки ја признаваат независноста на Косово и ја поддржуват Приштина во процесот на трансформација, изјави српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ.

Гашиќ во изјава за „Блиц“ истакна дека на тоа се противат држави-членки на Алијансата, кои не ја признале независноста на Косово, што е препрека Приштина да развие партнерски односи со НАТО.

– Во овој момент институциите на НАТО имаат советодавна улога и пружаат помош во развивање на способноста во важечкиот мандат на т.н. Косовски сили за безбедност, кои се ограничени на деминирање и помош во вонредни ситуации- изјави српскиот министер.

Според него постојат писмени гаранции дека Косовските сили за безбедност нема да бидат ангажирани на просторот на северно Косово.

– Тие уверувања ги добив од сите официјални претставници на НАТО, со кои имав разговори, но и на билатералните средби со претставници на државите, кои не ја признале еднострано прогласената независност на Косово- рече Гашиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top