| четврток, 6 декември 2018 |

Свадбениот албум на Бар Рафаели (ФОТО)

01

Израелската манекенка и поранешна девојка на Леонардо ди Каприо, Бар Рафаели, се омажи со бизнисменот Еди Азра. Свадбената веселба, на која присуствуваа околу 300 гости, се одржа во Израел пред една недела.

– Најсреќниот ден во мојот живот! Се омажив за мојот најдобар пријател – напиша Рафаели под првата фотографија што ја сподели на „Инстаграм“.

Ова е втор брак за триесетгодишниот супермодел. Рафаели во 2003 година се зеде со постариот Арик Вејнстејн, за по две години да се разведе, по што следеше двегодишна врска со Ди Каприо.

Манекенката неодамна изјави дека го најде човекот на својот живот, кој потполно ја разбира, а дополнителен плус е што е Евреин, бидејќи таа сака децата да ги учи на својата вера.

0-01 0-02 0-03 0-04 0-05 0-06 0-07 02 03 06 07 08 10 11 12

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top