| четврток, 6 декември 2018 |

„Глупав и поглупав“ – девојката на Џим Кери му оставила проштална порака пред да се самоубие

„Се исклучувам од Твитер. Се надевам дека бев светлина во животите на своите најблиски“, напишала во последната порака на својот Твитер профил 28-годишната Катриона Вајт со што ја најавила својата смрт.

dzim-keri-11-640x396

Џим Кери и неговата поранешна девојка биле заедно од летото 2012 година па се до март 2013 година, а врската ја обновиле во мај годинава. Двојката раскинала на 24 септември, а само после пет дена Катриона е пронајдена мртва во својата куќа во Лос Анџелес.

Наводно покрај неа имало апчиња. Полицијата соопштила дека станува збор за самоубиство.

2CE7268900000578-3253642-image-a-10_1443539672297_thumb_medium500_137

Катриона ја пронашле двајца пријатели кои отишле да проверат што се случува со неа откако долго не им се јавувала.

Како што се наведува, оставила проштална порака до Кери: „Глупав и поглупав“.

Во меѓувреме,  Кери оддаде почит на неговата девојка, а нејзината ненадејна смрт ја опиша како „удар од гром“.

– Таа беше навистина нежен и деликатен цвет, премногу чувствителен за оваа почва. Шокиран сум и во длабока така поради смртта на мојата драга Катриона. Срцето ми е заедно со нејзиното семејство и сите оние што ја сакаа и се грижеа за неа. Сите сме погодени од гром – изјави актерот откако во јавноста се појавија информациите дека неговата девојка се самоубила само неколку дена откако двојката се разделила.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top