Две други компании започнаа градба на свои фабрики, тоа се ОДВ „Електрик“ и „Кондево“ од Италија, а дополнителни три се во завршна фаза на градба и некои од нив во наредните два до три месеци ќе почнат со производство. Тоа е компанијата КСС во Кичево, компанијата „Макард“ во Велес и компанијата „Гентерм“.
1. На 5-ти април минатата година, Груевски најави доаѓање на компанијата „Дијатек“. Тој тогаш рече дека добиле и официјална дозвола за објавување на информацијата од италијанскиот гигант во индустријата за машини за печатарска индустрија.
-Донеле конечна одлука за изградба на нивен капацитет, нивна фабрика во зоната во Скопје, која ќе има директни 200 вработувања и поголем број индиректни вработувања- рече Груевски.
Како што беше ветено, компанијата „Дијатек“ која е глобален лидер во технологијата на дигитално печатење на 9 септември ја отвори фабриката „Макдиа“ во Македонија. Вкупната инвестиција се проценува на околу 10 милиони евра.
– Технолошко-индустриските развојни зони во Скопје се само симбол на тоа како од ништо може да се направи нешто, како од зелена ливада може да се направи цел комплекс на фабрики…. Бројот на инвеститори во овие зони континуирано расте. Тука се Вистеон, Џонсон Мети, Технокозе, Кемет електроникс, Ванхул, а од денес официјално и новата фабрика на Дијатек, рече Груевски на отворањето, додавајќи дека една од придобивките од отворањето на новата фабрика ќе биде и директното зголемување на извозот од Македонија.
Тој додаде дека отворањето на оваа фабрика е еден од многуте примери во кои македонската дијаспора асистира во привлекувањето на странските инвеститори во Македонија.
2. На 14-ти јуни минатата година Груевски ја најави и инвестицијата на „Техникал Текстајл“.
-Очекуваме отпочнување со реализација и градба на повеќе најавени инвестиции. Меѓу нив е и последната инвестиција на германската Техникал текстајл, којашто ќе отвори фабрика во ТИРЗ Штип, веднаш до Џонсон Контролс, рече Груевски.
На 26 август годинава официјално започна со работа новата фабрика на германската компанија „Техникал текстајлс“ чија инвестиција чини околу 15 милиони евра. Премиерот Груевски истакна дека во наредниот период во оваа фабрика се очекува да се отворат уште илјада нови работи места, што ќе има големо значење за општините Штип, Кочани, Велес, Свети Николе, Карбинци, Лозово, Конче, Чешиново-Облешево и околните места.
– Ова е втората фабрика во оваа ТИРЗ. „Џонсон контролс“ веќе неколку години работи во зоната, а сега почнува да работи и „Техникал Текстајлс“, а наскоро и италијанската компанија „Кондево“ која ќе започне со својата инвестиција и ќе отвори 250 нови работи места. Тоа се одлични раздвижувања за штипскиот регион. Локалната економија веќе ги чувствува влијанијата на новите инвестиции. Пред неколку месеци се отвори и новата фабрика на „Актива“. Оваа фабрика е во директна врска со белгиската инвестиција на „Ван Хол“ која успеавме да ја привлечеме во изминатите години. Веднаш до новата фабрика на „Актива“ во наредниот период очекуваме изградба на уште една фабрика, овој пат на германската компанија „Семак Фешн“ која во таа зона има купено земјиште од околу 35.000 метри квадратни. Ако некогаш Штип беше град во кој фабриките се затвораа, денес сведочиме на обратен тренд. Денес штипскиот регион е претворен во едно големо градилиште. Се градат голем број објекти, се отвораат фабрики, луѓето се вработуваат, процентот на невработеност полека, но сигурно се спушта надолу, а сето тоа влијае за подобар и поквалитетен живот на граѓаните. Тоа е голема сатисфакција за нашата досегашна работа- рече Груевски.
3. Груевски во 2013-та година најави изградба на фабриката „Ејпл ленд“.
-Инвеститорот од Обединетите Арапски Емирати ја посети нашата земја, имавме разговори со него, беше кај мене во Владата и се одлучи да купи земјиште на коешто ќе изгради дистрибутивно-откупен центар. Ќе гарантира некој вид откуп, значи производството што ќе се произведува таму ќе се извезува главно на Блискиот и Средниот Исток- рече Груевски пред две години.
Ветувањето е остварено. Оваа фабрика започна со работа на 21 септември. Значајна инвестиција за Ресенските земјоделци за складирање и преработка на јаболка која освен со јаболка ќе се работи и на извоз на цреши.
– Ваквата голема инвестиција во оваа област беше одамна исчекувана и вистински потребна за јаболкопроизводителите од преспанскиот регион. Денес таа стана реалност и верувам дека ефектите од неа набрзо ќе бидат почувствувани од страна на производителите. Современиот откупен центар претставува директна инвестиција од пет милиони евра во овоштарството и тој има низа подобности, како што се можноста за откуп, калибрирање и складирање на јаболката користејќи притоа најнови технологии- истакна премиерот Груевски во обраќањето.
Тој изрази надеж дека со ова ќе се ублажи проблемот со откупот со кој во минатото се сочувале преспанските произведувачи на јаболка.
– Можноста да се има откупувач кој има директен пристап до меѓународните пазари има голем потенцијал да донесе поголема стабилност и предвидливост во оваа дејност, нешто што е од особено значење за понатамошниот раст и развој на производството на јаболка во преспанскиот регион- рече Груевски.
4. Во март оваа година, премиерот Груевски ја најави инвестицијата на „Кондево“.
-Денес можам да објавам дека компанијата Кондево од Италија, лидер во производството на топлотни разменувачи за бојлери и добавувач на светски познатите производители на бојлери, не информираше дека донесе одлука за инвестиција во ТИРЗ во Штип- најави Груевски на 29 март годинава од Штип.
И ова ветување е исполнето, активно се гради и фабриката Кондево во која ќе се произведуваат делови за кондензациски бојлери. Инвестицијата чини над 30 милиони евра, а во неа ќе се вработат најмалку 280 работници и стручен кадар. Груевски на 14 септември беше во посета на градбата на оваа фабрика.
– Италијанската компанија Кондево е уште една од низата компании кои ги препознаа бизнис условите кои ги нуди Македонија и поволностите кои како Влада ги креиравме за странските инвеститори. Благодарение на тоа овој реномиран италијански производител на компонентни за бојлери донесе одлука со која ќе инвестира најмалку 50 милиони евра во својот нов погон во Македонија. Со реализацијата на оваа инвестиција ќе бидат отворени 280 нови работни места за штипскиот регион. Новата фабрика ќе претставува глобален производствен капацитет каде „Кондево“ ќе ги лансира своите нови патентирани производи. Целокупното производство е планирано за извоз со што Кондево уште повеќе ќе го засили растечкиот извоз од Македонија- рече Груевски.
Тој нагласи дека најважно е што италијанската фирма “ ќе донесе и многу нови знаења, практична работа со високо софистицирана и врвна технологија, а тоа ќе значи, подвлече, и можности за многу инжинери, квалификувани работници и менаџери да имаат можност да се вработат и да работат во модерна автоматизирана фабрика.
– За поздравување е и најавата на компанијата за инвестиции во образованието преку отворање на програми за стипендирање на млади, можности за стекнување приправничко искуство како и соработка со истражувачката дејност со техничкото училиште Средно општинско училиште „Коле Нехтенин“ и Универизетот „Гоце Делчев“ од Штип- истакна Груевски.
5. На 25 март годинава, Груевски вети дека „ОДВ-електрик“ ќе започне со градба на фабрика во охридско струшкиот регион.
-Ова попладне, малку пред почетокот на овој собир, од моите соработници ја добив информацијата дека една друга компанија, исто така од Германија, денеска донесе одлука да изгради фабрика за делови за автомобилска индустрија овде во охридско-струшкиот регион- рече Груевски на митингот во Струга.
На 22 септември остварено е и ветувањето за почеток на градба на ОДВ-електрик. Новиот фабрички погон ќе биде со површина од 10.000 метри квадратни во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга ќе се вработат 1.000 лица.
– Инвестициите како оваа денес го потврдуваат успехот на имплементираните проекти и мерки чија намена беше токму привлекување на гиганти како „ОДВ-електрик“ во Македонија. Со денешното поставување на камен темелникот на новата фабрика Македонија добива нова голема инвестиција од автомобилската индустрија- нагласи Груевски.
Новиот објект, според Груевски, ќе донесе нови технологии и знаења од автомобилската индустрија кои ќе бидат значајни за развој на индустриското производство. Фабриката ќе придонесе и кон зајакнување на извозот бидејќи сите производи се наменети за странски пазари. „ОДВ Електрик“ во моментов работи во браунфилд објект во Охрид каде пред една година почна со работа, а регрутира вработени и испрати голем број вработени на обуки, постепено почнува да го зголемува бројот на вработени.
– Деловите што ќе се произведуваат во „ОДВ-електрик“ ќе се продаваат во речиси сите земји во ЕУ и во Кина. Најголем нивен купувач во овој момент е „Фолксваген“ со опрема за сите модели, тргнувајќи од „поло“, „пасат„ „шкода“, „бентли“…, а нивните делови ги користи и компанијата „Лада“. Ќе има сериозен извоз од Република Македонија, ќе започнат со десеттина милиони евра, ќе има и сериозен износ на додадена вредност тука во Македонија од неколку илјади евра- рече Груевски.
Сите овие фабрики ќе отворат нови 3.850 директни вработувања, плус индиректни вработувања ќе се отворат во странските директни инвестиции во зоните во Македонија чии објекти се почнати и наскоро треба да ги завршат со градба
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турската „Чагатај Кабло“ во Бунарџик ќе произведува кабли за автобусите на „Ван Хол“
-
Отворен нов погон во зоната кај Алинци, инвестиција вредна 1,2 милиона евра
-
Груевски: Денес почнува со работа компанијата „Акомпласт“, инвестиција која ќе креира 300 нови работни места
-
Груевски: ОДВ Електрик го стартува новиот објект во зоната Охрид- Струга, инвестиција на која долго работевме