| четврток, 6 декември 2018 |

Во Германија само 6,4 отсто невработеност

гер

И покрај предвидувањата на економските аналитичари дека бројот на вкупно вработени ќе се зголеми за 5000 лица, во септември за околу 2000 лица порасна бројот на невработени во најсилната европска економија.

Со новите 2000 луѓе без работа Германија во моментов официјално има околу 2 795 000 лица регистрирани од институциите со што сепак го задржува историско најнискиот процент на невработеност од 6,4 отсто од обединувањето.
Според аналитичарите овој тренд се должи на забавувањето на растот на светските пазари и нестабилноста што ја предизвика Кина на светските берзи со девалуацијата на јуанот.
Бројот на невработени пораснал за околу 4000 во западна Германија додека во источниот дел од земјата за 2000 пораснал бројот на нововработени покажуваат податоците од Германската федерална агенција за вработување. За споредба во Еврозоната процентот на невработеност е околу 11 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top