Случајот го пријавил таткото околу 18 часот, кој мртвото тело на синот го пронашол со една влезна рана од огнено оружје, најверојатно пиштол, во левиот дел од градите.
-Набрзо по пријавувањето, јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле комплетен увид. На местото е пронајдено безживотното тело на 16-годишниот А.С, покрај кое се наоѓал пиштол „берета“ калибар 9 милиметри, неколку неиспукани куршуми од ист калибар во цевката и шаржерот на пиштолот и еден испукан куршум – соопштуваат од СВР Тетово.
Покрај тоа, пронајдени се и подигнати за вештачење и други траги, а по наредба на јавен обвинител врз телото на А.С. денеска ќе се изврши обдукција.
Истрагата треба да утврди дали се работи за самоубиство или за убиство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бившата на Бордејн силувала 17-годишен тинејџер: Му останаа тешки трауми, менталното здравје му е загрозено
-
Малолетник кој возел „ауди А3“ усмртил пешак
-
Киднапирање во тетовско: Му го грабнале зетот, па му барале откуп за да го ослободат
-
Возел пребрзо и без возачка: Maлолетник прати маж во болница, повредениот во лоша состојба