| четврток, 6 декември 2018 |

Шок за Каталонците, Иниеста и се приклучи на „болницата“ на Барселона

andres iniesta

Уште еден играч од првиот состав на Барселона ќе мора да паузира поради повреда. Искусниот играч за врска и моторот на тимот, Андрес Иниеста синоќа во 60.минута од натпреварот против Баер Леверкузен во рамките од Лигата на шампионите мораше предвреме да го напушти теренот поради повреда на бутниот мускул.
Првичните проценки се дека Иниеста ќе мора да одмори дваесетина денови, а потоа да се врати во натпреварувачки ритам. Сепак, доколку паузата се оддолжи, тој би можел да го пропушти големото „Ел Класико“, дуелот со вечниот ривал Реал Мадрид, меч кој е закажан за 22.октомври.

Иниеста само ги зголеми главоболките за тренерот Луис Енрике, откако претходно се повреди Лионел Меси, кој ќе паузира два месеци, додека Рафиња ќе ја пропушти целата сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top