Карванот „Купи куќа, купи стан“ денеска ќе биде во Свети Николе. Претставниците од Министерството за финансии пред граѓаните ќе го презентираат проектот, условите за аплицирање, висината на субвенциите, моделите што можат да се користат и процесот како да се аплицира.
Во рамки на презентацијата, што ќе се одржи од 17 часот, ќе биде претставена и локалната понуда на станови, како и плацеви за изградба на куќи што ги нуди општината.
Карванот е во посета на Свети Николе по барање на жителите на овој регион. Минатата недела, при работна посета на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, граѓаните искажаа голем интерес за „Купи куќа, купи стан“. Некои од нив веќе го имаа искористено проектот и сакаа позитивното искуство да го пренесат на своите сограѓани.
Карванот „Купи куќа, купи стан“ одржува презентации низ градовите во Македонија со цел да го приближи проектот до секој граѓанин што има потреба од него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Граѓаните и догодина ќе аплицираат за „Купи куќа, купи стан“ и „Купи куќа за млади“
-
Во Василево има работа за сите: Во четирите индустриски зони вработени се 95% жители
-
Проектите на македонската влада успешно се копираат и се спроведуваат и во регионот
-
Ставрески: Отворивме 33 канцеларии за проектот „Купи куќа за млади“