| четврток, 6 декември 2018 |

Променливо време и силен ветер со брзина поголема од 90 километри на час

Претпладне нѐ очекува сончево време со умерена облачност и со силен ветер од јужен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина поголема и од 90 километри на час. Попладне во западните и во северните подрачја ќе има локален пороен дожд и можна појава на грмежи.

Температурата во текот на денот ќе се движи од 17 до 22 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност и со засилен јужен ветер, кој се очекува да достигне повече од 75 километри на час. Попладне ќе има услови за краткотраен дожд, а температурата ќе се искачи до 21 степен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top