Министерот за надворешни работи, Никола Попоски и министерот за одбрана, Зоран Јолевски, како дел од владината делегација, чијшто шеф е премиерот Никола Груевски, вчера во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации, учествуваа во работата на телата и форумите на светската организација. Владините министри остварија и средби со нивните колеги од земјите-членки на Обединетите нации, а беа дел од работата и на Самитот за мировни операции на ОН.
Министерот Попоски истакна дека нашата земја реализира активности што се во насока на исполнување на главните цели на 70. Генерално собрание, и на национално ниво и како дел од регионалните организации.
Јубилејното 70. Генерално собрание на Обединетите нации оваа година се посветува на намалување на сиромаштијата, борба против климатските промени и спречувањето на нивните негативни последици, и мирот и мировните операции во светот. Република Македонија се наоѓа во прилично поволна положба како земја што во минатото била дестинација за мировниците, а денес е еден од најголемите извозници на мировници по жител. Дополнително на нашата агенда се наоѓа и регионалната улога што ја имаме како претседавач на Централноевропската иницијатива и во овие рамки темите кои се поврзани со мирот, со борбата против сиромаштијата и со глобалните предизвици од климатските промени се пресликани и во работата на ЦЕИ – изјави министерот Попоски.
Во рамките на Генералното собрание, министерот за надворешни работи Никола Попоски оствари и поголем број средби со министрите за надворешни работи на дел од земјите-членки, на кои се разговараше за унапредување на билатералната соработка и исполнување на мултилатералните цели.
-Ова е добра можност да воспоставиме контакти и со колегите од непостојаните земји членки на Советот за безбедност и земји со кои што немаме можност толку редовно да се видиме. Разговаравме околу повеќе теми за зголемување на билатералната динамика и на средби и на проекти, и во делот на образованието, и во делот на политичката соработка и во делот на економските односи, инвестиции и бизнис форуми за зголемување на можноста за трговска соработка – изјави министерот Попоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)