| четврток, 6 декември 2018 |

Фишер и Курц за вклучување на Асад во решавање на сириската криза

Австрискиот претседател Хајнц Фишер и шефот на дипломатијата Себастијан Курц се залагаат за вклучување на сирискиот претседател Башар ал Асад во решавање на сирискиот конфликт.

sebastijan-kurc-1387844161-417009-564x272

 

За запирање на бранот бегалци неопходно е во решавањето на сириската криза да се вклучи Асад, истакнаа Фишер и Курц во Њујорк.

Според нив, на преговарачка маса мора да бидат доведени сите „играчи“. Фишер и Курц изјавија дека бројот на држави што се согласуваат со тоа постојано расте.

Асад подолго време не беше опција, но мора да биде основна цел за да се реши сириската криза, истакна Фишер, кој на таа тема разговараше и со јорданскиот крал Абдула.

Околу решавањето на сириската криза постои спор меѓу САД и Русија, при што, пред сè, станува збор за политичката иднина на Асад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top