| четврток, 6 декември 2018 |

Фуере повторно ќе скока по буре со вино

Ерван Фуере, пензионираниот ирски дипломат и поранешен амбасадор на ЕУ во Македонија, замина од функцијата но не и од традицијата да скока по буре во Охридско Езеро. Тој и годинава ќе биде во Охрид за празникот Богојавление – Водици, но и  ќе учествува во традиционалното зимско капење за Денот на рибарите кога во осветените езерски води  се фрлаат буриња со вино.

И екипите на Црвениот крст Охрид ќе бидат присутни на манифестациите на 19 и на 20 јануари. Тие предупредуваат да се почитуваат препораките на нивните екипи. Според временската прогноза се очекува силен ветер, бранови и студена вода на Охридско Езеро. Денешната температура на водата е 9,5 Целзиусови степени. Црвениот апелира да се  избегне конзумирањето на алкохол пред капењето за да се спречи хипотермијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top