Во масовна тепачка на две групи на бегалци во бегалски камп во германскиот град Калден, повредени се 14 лица, соопшти денес германската полиција.
Во Калден во германската сојузна држава Хесе, бегалците се сместени во шатори поставени на напуштен аеродром, пренесува „Ројтерс”. Полицијата пренесува дека конфликтот започнал вчера во кантината и траел неколку часа, а настанал како последица на расправија помеѓу помлади и постари бегалци сместени во кампот.
Доста често имало расправии и претходно, но овојпат сето тоа резултирало со масовна тепачка на две поголеми групи. „Дојче Веле” пренесува дека немало апсења, но најмалку 14 лица биле повредени од кои 8 биле префрлени во болница. Подоцна пристигнале автобуси за една од групите да биде префрлена во друг камп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)