Во конкуренција од 128 пријавени кандидати од целиот регион, на најголемиот регионален маркетинг и медиа настан “Weekend Media Festival” кој викендов се одржа во Ровињ, ОНЕ освои награда во категоријата “SoMustHave” за најдобра комуникација на Инстаграм и блог. Стручно жири составено од 20 регионални експерти за дигитална комуникација му ја додели на ОНЕ престижната “SoMo Borac” статуетка за проектот #ФотоНаНеделата, кој повеќе од 8 месеци е актуелен на социјалните мрежи во Македонија.
“SoMo Borac за најдобра комуникација на Инстаграм доаѓа после седумте признанија за ОНЕ на најголемата платформа за FaceBook аналитика, Socialbakers, за социјално посветена компанија на FaceBook. Таа е само уште една потврда за нашата посветеност и континуирана работа на компанијата на социјалните медиуми со своите корисници и фанови. Освен на компанијата и луѓето во тимот, оваа награда е и на целата македонска Инстаграм заедница, која активно учествува во сите Инстаграм кампањи на ОНЕ. ОНЕ е прва и единствена компанија од Македонија која освоила “SoMo Borac” награда за комуникација на социјални медиуми, но се надевам дека во иднина ќе има многу повеќе вакви награди за компании од Македонија” – изјави Виктор Доневски, Главен Маркетинг Директор на ОНЕ.
Проектот #ФотоНаНеделата на ОНЕ и ЏаБест започна во средината на февруари годинава и до сега успеа да привлече повеќе од 1.500 пасионирани инстаграмџии кои на своите профили постираа над 15 илјади фотографии. Основната идеја на оваа кампања е промоција на инстаграм фото уметноста и, секако, македонските инстаграмџии, чии интервјуа редовно се објавуваат на блогот на ЏаБест (dzabest.mk/blog).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.