| четврток, 6 декември 2018 |

Изборите во Каталонија се внатрешна работа на Шпанија

каталонијаЕвропската комисија денеска соопшти дека нема да ги коментира изборите во Каталонија, бидејќи смета дека тоа е внатрешна работа на Шпанија.

– ЕК не коментира регионални избори. Тоа е внатрешна работа на Шпанија, изјави портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Скинас.

Тој посочи дека претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер, е известен за резултатот од гласањето.

Каталонските сепаратисти според податоци од целосната обработка на гласачките ливчиња, добиваат 62 места во Параламентот на Каталонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top