Германскиот тренер Јирген Клоп е пред вратите на „Енфилд Роуд“. Иако по завршувањето на повеќе од успешната одисеја со екипата на Борусија Дортмунд, тренерот кој е посакуван на клупата на голем број на фудбалски гиганти, најави дека ќе земе одмор од фудбалот минимум една година.
Сепак, преговорите кои во тајност се воделе со челниците на Ливерпул вродиле со плод, и навивачите на „црвените“, по сѐ изгледа ќе го добијат тренерот за кого навиваат најмногу.
Клоп, како што наведуваат англиските медиуми, за да ја преземе екипата на Ливерпул поставил само еден услов. Тој посакува целосна контрола на политиката за трансфер на клубот.
Сегашниот тренер Брендон Роџерс има лимитирани права, тој за да доведе некој фудбалер што е негова желба, треба да добие одобрение од одборот за трансфери на клубот.
Таков случај беше и со Ешли Вилијамс, кој требаше да дојде на „Енфилд“ ова лето, но одборот стави вето на тој трансфер.
Клоп сака да го смени тоа, и кога ќе се формира буџетот на клубот за следниот трансфер период, сака да има целосно право да одлучува.
Во прилог на неговиот трансфер во Ливерпул му оди и тоа што тој е омилен меѓу навивачите на „црвените“ и ќе ја добие комплетната подршка од трибините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.