Европската комисија денеска соопшти дека нема да ги коментира изборите во Каталонија, бидејќи смета дека тоа е внатрешна работа на Шпанија.
– ЕК не коментира регионални избори. Тоа е внатрешна работа на Шпанија – изјави портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Скинас.
Тој посочи дека претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер е известен за резултатот од гласањето.
Каталонските сепаратисти според податоци од целосна обработка на гласачките ливчиња добиваат 62 места во Параламентот на Каталонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.