| четврток, 6 декември 2018 |

Секогаш модерен стил во црно и бело

00043927

Скоро и да не постојат дами кои не поседуваат облека во класично бело или црно, а некои од нив умеат многу вешто да ја носат оваа комбинација на бои. Новите модни трендови со полна сила наметнуваат, доза на елеганција, минимализам и беспрекорен стил.

Жените со вкус можат да изберат  различни материјали, должини, различни нијанси на белото и црното и бројни додатоци кон нив. Црно-белиот спектар е класика, која никогаш нема да излезе од мода.

tumblr_msu41yG4Bs1qfrtudo1_1280

tumblr_msu8w887Qp1qfrtudo1_1280

За да бидеме во чекор со модата, не треба да го следиме секоја една моден тренд. Сепак секоја жена е убаво да има сопствен стил, кој ќе одговара на нејзината фигура, да ги сокрие малите „недостатоци“ и да ја прави уникатна и различна.

Потпрете се на класичен стил, во бела и црна боја, стил во кој има едноставност и софистицираност. Прави и чисти линии ќе ја покажат вашата женствена фигура, без непотребни набори и украси.

tumblr_msrzfrPx8T1qfrtudo1_1280

 

tumblr_mt3lgkOe4p1qfrtudo1_1280

tumblr_mt3myq7lnq1qfrtudo1_1280

tumblr_msy7mk0TgJ1qfrtudo1_1280

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top