Скоро и да не постојат дами кои не поседуваат облека во класично бело или црно, а некои од нив умеат многу вешто да ја носат оваа комбинација на бои. Новите модни трендови со полна сила наметнуваат, доза на елеганција, минимализам и беспрекорен стил.
Жените со вкус можат да изберат различни материјали, должини, различни нијанси на белото и црното и бројни додатоци кон нив. Црно-белиот спектар е класика, која никогаш нема да излезе од мода.
За да бидеме во чекор со модата, не треба да го следиме секоја една моден тренд. Сепак секоја жена е убаво да има сопствен стил, кој ќе одговара на нејзината фигура, да ги сокрие малите „недостатоци“ и да ја прави уникатна и различна.
Потпрете се на класичен стил, во бела и црна боја, стил во кој има едноставност и софистицираност. Прави и чисти линии ќе ја покажат вашата женствена фигура, без непотребни набори и украси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.









